За многу години! Црквата св. Атанас во “прилепски Варош”, утре ја слави својата црковна слава
Денеска, по повод утрешниот празник св. Атанасиј ќе се одржи вечерна празнична богослужба во црквата Свети Димитрија во Варош, со почеток во 17:00 часот.

По повод празникот, утре исто така ќе има празнична утринска – света божествена литургија, која ќе биде во црквата Свети Димитрија со почеток во 07:00 часот, а веднаш потоа истиот ден во 10:00 часот ќе има осветување на вода и благословување (прережување) на празничен леб во црквата СВЕТИ АТАНАС ВО ВАРОШ.















