|

И овој викенд, повторно голем број на наши граѓани во посета на Острог – манастирот каде што спокојот и тишината се спојуваат во едно

Сподели го ова:























И овој викенд, голем дел од граѓаните одлучија викендот да го поминат во Црна Гора, односно на Острог и да се помолат за свое, и здравјето на своите најблиски покрај моштите на св. Василије Острошки. Впрочем, ова дестинација е честото посетуваното место. Станува збор за вистинско светилиште каде што моќта од моштитие на св. Василије Острошки му помага на секого, доколку се пристапи со искрена – чиста молитва.

Имено, св. Василиј Острошки, кој што е роден во Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок бил исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, се потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, наспроти неговата волја. Како архиереј прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. А кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што тврдо се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви.

Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести.



Сподели го ова:

Слични објави