ВИДЕО: Нема друга Македонија! Градоначалникот Чонески: Горди сме што Македониум станува дом на нови уметнички дела и инспирација за многу генерации
По најавите и големиот интерес, дуото „Некст Тајм“ денеска ја објави долгоочекуваната преработка на легендарната македонска песна „Нема друга Македонија“. Песната, која изворно ја отпеа Војо Стојановски, добива ново, моќно видео снимено на исклучително симболичен амбиент во споменикот „Македониум“ во Крушево.

“Имавме особена чест групата Next Time да ја сними својата нова песна токму тука, во нашиот симбол на борбата за слобода, културата, уметноста и идентитетот. Им изразуваме искрена благодарност за изборот да создадат музика во овој уникатен архитектонски бисер. Со нивната енергија, креативност и почит кон местото, придонесоа за уште една убава приказна што ќе го промовира Крушево и нашето културно наследство. Горди сме што Македониум станува дом на нови уметнички дела и инспирација за многу генерации” – порача крушевскиот градоначалник Нико Чонески.
Погледнете го видеото:
















