Сопругата на премиерот Мицкоски готвеше за социјално загрозените семејства

Сподели го ова:






























Сопругата на премиерот на нашата земја, Рози Мицкоска, денеска беше дел од тимот на волонтери во црковно-народната кујна „Свети Спас“ во скопско Лисиче, подготвувајќи оброци за социјално загрозените граѓани.

Воедно, г-ѓа Мицкоска, во акција со другите волонтери од хуманитарната организација при Скопската православна епархија, освен во готвењето, учествуваше и при поделбата на храна за најранливите категории.

Црковната народна кујна „Свети Спас“, работи под мотото „Вера… Надеж… Љубов… За сите!“, при што секојдневно обезбедува топли оброци за голем број на граѓани од социјален ризик.




Сподели го ова:

Слични објави