ДЕНЕСКА Е ТРЕТ ДЕН ВЕЛИГДЕН: Граѓаните од денес повторно на работа после продолжениот викенд
Денеска е третиот ден од најголемиот христијански празник-Велигден. Граѓаните денеска повторно се враќаат на своите работни обврски и места, после 4-дневниот продолжен викенд.
Имено, оваа година Велигден ќе биде запаметен и по огромната маса на верници кои ги преплавија христијанските православни храмови вечерта на Велика сабота каде илјадници прилепчани чекаа од страна на прилепските свештеници, да им ја соопштат убавата радосна вест за Воскресението Христово, веста на која се радуваат и старите и младите, и децата и птиците, веста која што ја слави сето она битие кое е создадено на земјата – од страна на Бог. Веднаш, откако беше соопштена оваа радосна вест, прилепчани, традиционално како и секоја година, се кршеја со штотуку вапцаните велигденски јајца, за здравје, среќа и успех, а пред се во знак и почит на најголемиот христијански празник “Велигден”. Потоа, оние кои што ги постеле велигденските пости, останаа на литургија во црквите за да се причестат и да бидат дел од велигденската вечерна литургија, која траеше до 02 часот по полноќ.