И денеска не очекува пријатно декемвриско сончево време со мала до умерена локална облачност
И денеска времето ќе биде сончево и релативно топло, проследено со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе се движи од 11 до 16 степени.
И во текот на оваа цела недела, ќе продолжи период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови ќе има зголемена облачност која што во текот на денот ќе се намалува.















