ДЕНЕСКА ВО ПРИЛЕП: Саем на земјоделски производи

Денес се одбележува 15-ти октомври, Денот на жените од руралните средини, па по тој повод во нашиот град се одржува прекрасен настан, Саем на земјоделски производи во организација на ЛАГ Агро Лидер каде граѓаните на Прилеп денес имаа прилика да вкусат традиционални и пред се органски производи, како и да уживаат во културно-уметничката програма.