Е вака се работи! Градоначалникот на Општина Росоман, Ѓорѓи Крстевски, 24/7 во интерес на граѓаните

Сподели го ова:































Продолжува реализацијата на големиот инфраструктурен проект во Росоман. Денеска се работеше на асфалтирање и на улицата „Страшо Пинџур“

Паралелно со улицата „Гоце Делчев“, денес се асфалтира и улицата „Страшо Пинџур“, која е финансирана од Владата на Република Македонија преку Министерството за животна средина, а кофинансирана од страна на Општина Росоман.

Овој проект го опфаќа одводнувањето на бавчите, со што се решава долгогодишен проблем со атмосферските води, како и комплетно асфалтирање на двете улици. Во тек е и постапка за јавна набавка за целосно комплетирање на проектот, кој ќе се реализира во 2026 и 2027 година, а ќе опфати:

-изградба на атмосферска и фекална канализација,

-целосно уредување на улиците,

-поставување на ново улично осветлување.

Со оваа инвестиција градоначалникот обезбедува трајни и квалитетни решенија за жителите на овој дел од Росоман.

Исто така денеска во Општина Росоман беше отстрането и лошото изготвено решение на влезот во општината.

Ова е чекор кон подобра и побезбедна инфраструктура за сите граѓани.




Сподели го ова:

Слични објави