Градоначалникот Саботковски: Нека на овој ден и секој нареден, нашите срца бидат исполнети со верба, надеж, милосрдие, љубов кон ближните и кон Бога и посветеност кон добрите дела!

Сподели го ова:


Оваа година продолжува традицијата во Општина Могила, како дел од прославата на православниот празник Богојавление – Водици. Имено, денеска во оваа општина оваа христијанска традиција се одвиваше низ 16 населени места од општината. Во село Могила, настанот беше на рекатата Шемница, а на Благојче Марковски-кој оваа година беше најсреќниот верник што го извади богојавленскиот Крст од осветените води, Градоначалникот Саботковски му подари ваучер во износ од 8000 денари, икона и бела техника, а за останатите 15 населени места каде што се фрлаше крстот, најсреќните-кои што го извадија светиот крст од осветените води добијаа ваучери во износ од 5000 денари и икони. На овој денешен голем христијански празник, Градоначалникот Саботковски ги поздрави присутните при што изјави: “Бог се јави!Навистина се јави!На сите православни христијани им го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици!Овој празник на крштевањето на Исус Христос во светите води на реката Јордан ја има симболиката на духовното раѓање и прочистувањето.Нека на овој ден и секој нареден нашите срца бидат исполнети со верба, надеж, милосрдие, љубов кон ближните и кон Бога и посветеност кон добрите дела!Нека Бог ги чуе нашите молитви и во домовите на сите верници нека владее хармонија, разбирање, љубов и здравје!На сите среќни верници кои го извадија богојавленскиот крст од светите води им посакувам да им донесе мир, благодет, добро здравје и многу радост. За многу години!“-истакна Саботковски.

Можно е да е слика од 7 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 4 луѓе, луѓе што стојат и надвор
Можно е да е слика од 6 луѓе, луѓе што стојат и надвор




Сподели го ова:

Слични објави