ТРАДИЦИОНАЛНО: И годинава “Голем Петок” е радосен ден за прилепчани и варошани

Денеска е Голем Петок, првиот петок после Христовото Воскресение –Велигден. Овој празник уште се нарекува и Излечив Петок, зашто постои верување кај луѓето дека ако утрово си ги измијат рацете и лицето на првиот извор,тоа ќе им донесе ослободување од болестите што ги имаат. (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакал во Прилеп кој ќе се одржи оваа година на 07.05.2022 во НУЦК “Марко Цепенков”)
Денеска е и семејна слава на нашите сограѓани од урбаната заедница Варош. Денеска жителите на прилепската населба Варош го чествуваат масовно христијанскиот празник Голем Петок -Балаклија. Празникот се чествува секој прв петок по Велигден и е куќна слава на многу семејства. Стотици граѓани од другите делови од градот им доаѓаат на гости посакувајќи им здравје, успех и среќа. А, жителите на Варош гостите ги пречекуваат на празнична трпеза. Оваа традиција се негува со години. Многу верници доаѓаат и во црквата од манастирот „Свети Архангел Михаил“. Во чест на празникот се одржува утринска литургија.