ВЕДНАШ ПРЕНЕСЕН ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА: Полицаец со мотоцикл кој бил сопственост на МВР, паднал на коловозот
На 03.06.2023 во 11.50 часот било пријавено дека регионалниот пат Македонски Брод – с.Самоков мотоцикл „бмв“ сопственост на МВР, управуван од полициски службеник, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен бил увид од Полициската станица Македонски Брод, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.