Точно на полноќ МВР уапси прилепчанец кој возел „Мерцедес” со прилепски регистарски ознаки – под дејство на алкохол
На 18.10.2025 во 00:00 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул.„11-ти Октомври“ во Прилеп го лишија од слобода В.С. од Прилеп. П
ри контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле возило „мерцедес” со прилепски регистарски ознаки, кое В.С. го управувал, при што е констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,58 промили алкохол во крвта – информира МВР.
















