Градоначалникот Најдовски: “Ликот и делото на големиот македонски револуционер oстанува врежано во колективната меморија на македонскиот народ и Република Македонија, а наша задача и обврзувачка должност е вечно да го негуваме и чуваме неговото дело”

Сподели го ова:


По повод 150 годишнината од раѓањето на визионерот, учител, идеолог и револуционер, Гоце Делчев, општинска делегација предводена од градоначалникот Никола Најдовски и делегација предводена од ООУ „Гоце Делчев“, положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на училиштето.- “Со огромна почит и пиетет, денес, чествуваме 150 години од раѓањето на големиот македонски национален херој, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија. Ликот и делото на големиот македонски револуционер oстанува врежано во колективната меморија на македонскиот народ и Република Македонија, а наша задача и обврзувачка должност е вечно да го негуваме и чуваме неговото дело”, истакна градоначалникот Најдовски при денешното свечено одбележување на овој грандиозен јубилеј во централното основно општинско училиште кое го носи негово име.

May be an image of 4 people, people standing, snow and tree

9090Ми се допаѓаКоментирајСподели

0 коментари

Активно





Сподели го ова:

Слични објави