Градоначалникот Јовчески со Претседателот на Советот Дејан Проданоски на покана на директорката на ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп, ја посетија градинката во населбата Бончејца

Сподели го ова:


























Денеска имамвме уште еден весел детски ден во прилепската градинка во населбата Бончејца, каде што сите дечиња од оваа градинка имаа можност да бидат дел од настанот „Играме и споделуваме“. Поддршка за овој настан даде и Општина Прилеп преку своето присуство, каде што дечињата во оваа градинка ги поздравија Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и Претседателот на Советот Дејан Проданоски. На самиот влез ги пречека директорката на оваа устанува, која што им се заблагодари за нивното присуство на денешниот детски настан. Што се однесува пак внатре во самата градинка, Претседателот на Советот Дејан Проданоски и Градоначалникот Јовчески искрено од срце, уживаа во детската игра, смеа и насмевки, со еден збор уживаа во детската дружба со дечињата од ова градинка. Во однос на овој настан Градоначалникот Јовчески истакна:

Можно е да е слика од 3 луѓе, луѓе што стојат и внатре

“Денес заедно со претседателот на Совет на општина Прилеп Дејан Проданоски, на покана на директорката на ЈОУДГ „Наша Иднина“ Прилеп, ја посетивме градинката во населбата Бончејца. Настанот „Играме и споделуваме“ беше прекрасна можност сите присутни да видиме одблиску како изгледаат секојдневните активности на нашите најмили во детските градинки, кои што беа презентирани од стручниот колектив а се дел од Програмата за Социјална кохезија и културен дијалог. Истакнав дека Локалната самоуправа на општина Прилеп и јас како градоначалник секогаш ќе ги поддржуваме ваквите настани и проекти затоа што сите ние заедно мора да работиме на правилниот раст и развој на децата и да градиме сигурно општество во кое ќе им обезбедиме непречено и безгрижно детство”-истакна Јовчески.

Можно е да е слика од 5 луѓе, дете, луѓе што стојат, седнати луѓе и внатре



Сподели го ова:

Слични објави