ПРИЛЕПСКИТЕ ТАКСИСТИ РЕВОЛТИРАНИ: Денеска полицијата ги праќаше на технички преглед


Како секогаш – така и денес, најновите информации од Прилеп и прилепско, најбрзо пристигнуваат на првата прилепска – информативна станица, “STANICA.MK”. Имено, денеска на пладне, такси превозот во градот под Марковите кули, речиси како да исчезна, при што голем број на прилепчани кои секојдневно го користат овој вид на превоз, не можеа да пристигнат на планираното место бидејќи два часа, такси немаше “ниту за лек”, а таксистите “како да исчезнаа”. (Објавата продолжува веднаш после информативното соопштение за најактуелниот детски музички фестивал)

Меѓутоа, до нашиот информативен тим пристигнаа неколку реакции од сопственици на такси возила, кои ни укажаа дека во текот на денешниот ден – посебно околу 12 часот, голем дел од такси возилата, МВР ги испраќало на технички преглед, па врз основа на тоа, голем дел од таксистите, денеска после пладне, своите такси возила ги “паркираа во сопствените гаражи”.
“Да, точно така, денеска имаше полицајци на секој чекор, при што истите, штом видеа такси возило, веднаш го запираа и го праќаа на технички преглед… Вака не може, со тешки сили вадиме пари за едно парче леб, и тоа сакаат да ни го земат” -истакна еден такси превозник од Прилеп кој сакаше да остане анонимен.
Меѓутоа, од она што можеше да го забележи нашата информативна екипа денеска на терен, е фактот дека постепено таксистите продолжија со својата работа нешто после 18 часот, кога дел од полицијата најверојатно се повлече од центарот на градот и клучните градски раскрсници и улици.

















