Утрово, прилепскиот градоначалник заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп, пратениците во собранието на РМ и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на Светата архиерејска литургија во прилепска “Стара црква”

Сподели го ова:
























Денеска од рано утрото, во прилепскиот црковен храм “св. Благовештение” имаше Божествената Света литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, нашиот Митрополит г. Петар. По тој повод, прилепскиот градоначалник заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп, пратениците во собранието на РМ и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ присуствуваа на оваа Света архиерејска литургија во прилепска “Стара црква”.

„Голема тајна денес му е објавена на светот, тајна на која и се восхитуваат и ангелите, тајна дека човечкото суштество е воздигнато над Херувимите и Серафимите преку Пресветата Богомајка“. Воедно ја посетив и литургијата во манастирот ,,Св. Димитрија” во с. Селце и на присутните им го честитав Денот на пчеларите и им посакав да имаат побогата паша, добра жетва и медна година. Уште еднаш нека е за многу години празникот почитувани мои сограѓани, да сме здрави и живи! – порача Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави