Директорката Трпческа: “Низ рамката што  ја спроведуваме во изминативе  две години,  децата ќе научат да учат, ќе се научат да бидат свесни за себе, мотивирани, успешни, и така ќе успееме да градеме подобра иднина”

Сподели го ова:


Денеска имамвме уште еден весел детски ден во прилепската градинка во населбата Бончејца, каде што сите дечиња од оваа градинка имаа можност да бидат дел од настанот „Играме и споделуваме“. Поддршка за овој настан даде и Општина Прилеп преку своето присуство, каде што дечињата во оваа градинка ги поздравија Градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и Претседателот на Советот Дејан Проданоски. На самиот влез ги пречека директорката на оваа устанува-Христина Трпческа, која што им се заблагодари за нивното присуство на денешниот детски настан. На почетокот Директорката Трпческа ги поздрави присутните, при што истакна:

“Драги дечиња, почитувани родители, ценети гости и мои драги колешки…Огромно е задоволството да се биде денес овде со Вас, за да ги споделиме нашите добри практики од секојдневниот живот од нашите занимални. На почетокот сакам да се заблагодарам на Министерството за труд и социјална политика, UNICEF, Македонскиот центар за граѓанско образование, и Британската амбасабда за целокупната соработка до сега која се надевам и дека ќе продолжи понатаму. Сакам да се заблагодарам на проф. Татјна Атанасоска-наш верен поддржувач, градоначалникот г-дин Борче Јовчески и претседателот на Советот г-дин Дејан Проданоски. Мојата денешна благодарност е упатена кон сите моќни воспитувачи и негуватели кои се вклучени во образованиот процес во нашата држава. Низ рамката што  ја спроведуваме во изминативе  две години,  децата ќе научат да учат, ќе се научат да бидат свесни за себе, мотивирани, успешни, и така ќе успееме да градеме подобра иднина. Оваа рамка ја спроведува целиот наш тим во нашите занимални, и денеска Вие ќе видете како поминува еден ден во просториите во градинката Наша иднина”-истакна директорката Трпческа која што години наназад е докажана личност во однос на успешно менаџирање и управување со прилепските градинки. Како и да е, секоја чест на Директорката Христина Трпческа за уште еден успешно организираниот настан.





Сподели го ова:

Слични објави