Пратеникот Милевски соопшти одлична вест! По 250 евра за секој студент за набавка на електронски уред

Сподели го ова:





























Пратеникот Пеце Милевски, денеска на социјалните мрежи соопшти една убава вест, според која сегашната Влада како партнер на младите и студентите, ќе додели ваучери во вредност од 250 евра за купување на електонски уред.

“Градиме партнерство со младите во битката за подобра иднина за Македонија.Средствата 850 000 000 денари се обезбедени од буџетот на Република Македонија. 55 илјади млади луѓе – студенти ќе добијат вредносен ваучер со кој ќе можат да обезбедат телефон, таблет или компјутер.Ова значи: поттикнување на научниот и технолошкиот развој на студентите, непречен пристап до образовни содржини и алатки за учење – модерна настава и искористување на светските научни ресурси, унапредување на процесот на дигитална трансформација во заедницата. Ова е и директна стимулација на ИТ компаниите. Оваа мерка е директен резултат на новите политики на ВМРО ДПМНЕ за развој на Македонија – политика на конкретни чекори, а не на празни флоскули. Политика на реализација, а не на лаги и празни ветувања. Ги поддржуваме младите, вложуваме во еден од најцврстите столбови на иднината на Македонија” – порача пратеникот Пеце Милевски.




Сподели го ова:

Слични објави