Италијанскиот Амбасадор Андреа Силвестри на средба со Јовчески и Проданоски

Сподели го ова:


























Денес остваривме протоколарна средба со италијанскиот Амбасадор господинот Андреа Силвестри, по повод промоција на изложбата по повод 500 години од смртта на Пјетро Ванучи, познат како Ил Перуџино.

Оваа изложба е втора ваква наша соработка со Амбасадата на Италија за продлабочување на меѓусебната соработка, во годината во која што исто така одбележуваме и 30 години од дипломатските односи помеѓу Република Македонија и Италија.

Ваквите настани придонесуваат за поголемо запознавање на македонскиот и италијанскиот народ и се надевам дека нашата соработка уште повеќе ќе се продлабочува во сите сфери и ќе придонесе за реализација на проекти кои ќе бидат од корист за нашата заедница и за сите наши сограѓани – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави