Игор Џамбазов доби пасош, и стана граѓанин на “ДРЖАВА ВЕВЧАНИ”
Популарниот шоумен, актер, музичар и пистаел Игор Џамбазов, доби пасош и стана граѓанин на општина / “ДРЖАВА ВЕВЧАНИ”. Имено, ова е втор пасош кој на Игор му е доделен од страна на Вевчани, бидејќи првиот кој му беше доделен пред многу години случајно го изгубил, а тогашниот пасош имал број 004.
Исто така, пред неколку денови, Игор Џамбазов беше гостин во Божиќното издание на емисијата ,,Нешто конкретно” каде раскажа за неговиот живот во Дојран, и дека многу добро го познава секое дојранско населено место. Во емисијата, Џамбазов истакна дека во Дојран можел да го помине денот со само 500 денари.
Кога можев да одам на одмор на Малдиви четири месеци, јас одев во Пехчево на рибник, а во Дојран можам да живеам со 500 денари на ден – истакна Џамбазов.