ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈОВЧЕСКИ: “Работните активности со асфалтирање на улиците ќе ги продолжиме веднаш штом ќе дозволат временските услови”

Сподели го ова:


Прилепскиот Градоначалник Борче Јовчески, на вчерашниот отчет по повод 100-те дена раководење со Општина Прилеп, истакна дека работните активности со асфалтирање на улиците ќе продолжат веднаш штом ќе дозволат временските услови. Имено, пред да започне зимската сезона и кога имаше прилично добри услови за работа, за само два месеци беа асфалтирани 4 прилепски улици и тоа: „Јоска Јордански“ каде што беа асфалтирани 104 метри, улицата „Браќа Ламески“ каде беа асфалтирани 58 метри, улица „Андон Слабејко“ – со асфалтирани 149 метри, како и улицата „Кеј 1-ви Мај“- каде беа асфалтирани вкупно 640 метри со асфалт. Искрено, може да се констатира дека за само два месеци (ноември и декември), ова е голема бројка која што ја нема достигнато ниту еден прилепски градоначалник до сега. Доколку временските прилики беа поповолни, и доколку немаше студ, работата со асфалтирање на прилепските улици со сигурност ќе продолжеше, а и ќе продолжи веднаш штом се создадат поволни временски услови за работа, бидејќи како што знаеме сите, зимата е период каде што нема услови за градежни работи и асфалтирање на улици. “Работните активности со асфалтирање на улиците ќе ги продолжиме веднаш штом ќе дозволат временските услов. Во склоп на  тековните работни активности бешепревземено и одржување на ударни дупки, прокопи и други работи на улици и патишта”-истакна Јовчески во текот на вчерашниот ден. Имено, покрај сето ова, асфалтирани се и 220 м2 големи дупки и прокопи, кои што беа неизбежни да се санираат. “Овие 100 денови се нормално само почеток, континуитетот на работа ќе го продолжиме и засилиме со исполнување на сите проекти кои што ги ветивме пред прилепчани: Инфраструктурни, локален економски развој, животна средина, комунална и водоводна мрежа, земјоделие, образование, спорт, културакако и во делот на социјална и здравствена заштита. Во сите овие сфери имаме детално разработени и остварливи проекти кои што плански и етапно заедно со вас граѓаните ќе ги реализираме во текот на овој мандат. Лошиот терен кој што ни беше оставен од претходната власт како и секојдневното соочување со здравствената и енергетската криза во која што се наоѓаме можеби малку ни ги отежна овие три месеци. Но тоа не’ прави секогаш посилни и похрабри да продолжиме заедно напред во исполнување на зацртаните цели. Карневалите, фестивалите и сите останати културни и спортски настани кои одсекогаш претставувале препознатлив знак на градот Прилеп повторно од оваа година ќе блеснат во сиот свој сјај.Во соработка со  сите јавни комунални претпријатија и сите надлежни сектори од локалната самоуправа ,онолку колку што ни дозволија временските услови во овој дел од годината, успеавме да сработиме и повеќе работи од она што го имавме предвидено и ветено за првите 100 дена”-истакна Јовчески.





Сподели го ова:

Слични објави