Во рекордно брзо време ЈКП„Водовод и Канализација“ – Прилеп ја заврши санацијата на дефектот на водоводната линија ф400 на улица Тризла

Сподели го ова:























Директорот Гулабоски и неговиот тим во рекордно брзо време ја завршија санацијата на дефектот на водоводната линија ф400 на улица Тризла. Имено, ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп известува дека заврши со санација на дефектот на водоводната линија ф400 на ул. Тризла преку која се снабдува високата зона на градот и тоа на потег од ул.„Ердован Шабаноски“, нас.„Марино Маало“, нас.„Кузман“, нас.„Рид“ и нас.„Тапани“. Моментално се врши регулирање на водоснабдувањето во градот и истото ќе биде вратено во нормала во текот на попладневните часови. Локацијата на дефектот и понатаму ќе биде обезбедена со соодветна сигнализација за безбедноста на граѓаните.



Сподели го ова:

Слични објави