ВИДЕО-Пратеникот Ристески: Ова покачување на минималната плата не е резултат на доброто економско работење на Владата

Сподели го ова:
















Прилепскиот пратеник Петар Ристески, во денешниот свој говор во Собраниската Комисија, истакна дека го поддржува покачувањето на минималната плата, меѓутоа покачувањето треба да биде скалесто, бидејќи во спротивно можат да настанат протести, и дека доколку не се случи скалесто покачување на платите, тогаш во таков случај пред вратите на Владата ќе дојде да протестира целата јавна администрација…“Го поддржувам покачувањето на минималната плата, но ме иритира тоа што ова покачување на минималната плата не е резултат на доброто економско работење на Владата, не е резултат на создавање добри економски улови, параметри, бројки, бидејки кога ги гледаме сите статистички податоци тогаш ќе забележиме дека назадуваме…Немаме никаков успех во економијата, нема реализација на капитални инвестиции, нема странски директни инвестиции, а по тоа сме на дното во регионот”-истакна пратеникот Ристески…Целосниот говор на нашиот прилепски пратеник Петар Ристески-погледнете го во прилог на оваа објава:







Сподели го ова:

Слични објави