Најстарото прилепско училиште добива реконструкција на фасадата, како и атмосферската и дренажната канализација
Во тек се градежните работи од проектот за реконструкција на фасадата и атмосферската и дренажната канализација на централното основно училиште „Кочо Рацин“. Ова училиште е најстара воспитно-образовна институција во нашиот град, тоа е под целосна заштита на Музејот на Македонија и е од огромно културно и историско значење за Прилеп. Покрај реконструкцијата на фасадата и канализацијата, се работи и на партерното уредување на дворот на училиштето. Вкупната вредност на овие проекти изнесува околу 4 милиони денари.
Со овие инвестиции, како Локална самоуправа, продолжуваме да водиме грижа за сите училишта во нашиот град, подобрувајќи ги условите за учење и работа на учениците и наставниот кадар.Им се заблагодарувам на сите наши сограѓани за досегашната поддршка и сакам да истакнам дека заедно продолжуваме во нашите напори за да изградиме подобра иднина за нашите деца – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.