ПРИЛЕП ПО ПОВОД ИЛИНДЕН ИМ СЕ ПОКЛОНИ НА ХЕРОИТЕ!

Сподели го ова:


























Денот на Републиката, 2 -ри Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндени, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, Прилеп го одбележа со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на прилепските херои, кои го дале својот живот за македонската кауза за слободна и независна Македонија.

Делегација предводена од градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, претставници од Советот на Општина Прилеп, предводени од претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, претставници од политички партии, од здруженијата на граѓани и боречката организација во Прилеп, положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, на народниот херој Кузман Јосифоски – Питу, Ѓорче Петров, Пере Тошев и на Могилата на непобедените.

„Денеска, одбележувајќи ја 120 годишнината од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ, даваме завет дека ќе ги чуваме и негуваме придобивките од Илинден и АСНОМ, бидјеќи на тој начин ја чуваме и македонската држава, македонскиот јазик, традицијата и историјата. Денес, како генерации имаме и нов историски предизвик, но, и обврска кон идните генерации, да создадеме национално достоинствена и меѓународно почитувана Република Македонија, која би чекорела напред кон економски, европски и демократски развој„- истакна градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, честитајќи им го Илинден, Денот на Републиката на сите граѓаните.




Сподели го ова:

Слични објави