Градоначалникот Борче Јовчески оствари средба со ученици и професори од СОУ „Орде Чопела“ како и со присутните гости (ученици и професори) од Италија и Шпанија, во рамките на Еразмус+ проектот со наслов „Being a biomarker, no passport needed“

Сподели го ова:


Можно е да е слика од 6 луѓе и луѓе што стојат

Денеска прилепскиот Градоначалник Борче Јовчески оствари средба со ученици и професори од СОУ „Орде Чопела“ како и со присутните гости (ученици и професори) од Италија и Шпанија, во рамките на Еразмус+ проектот со наслов „Being a biomarker, no passport needed“. Проектот бил започнат во 2019 а завршува оваа 2022 година во месец август. Во периодот од 14 до 18 март се одржува проектниот состанок за ученици и професори тука во Прилеп во СОУ „Орде Чопела“. Во овој проект учествуваат училишта од четири земји и тоа: Македонија. Шпанија, Италија и Литванија.Според проектот со користење на 3Д печатење и ласерско сечење, како и електроника, учениците прават инструменти кои понатаму ќе се користат во училишните лаборатории. По повод денешниот настан, Градоначалникот Јовчески истакна дека: “Целта на проектот е и размена на искуства и добри практики преку соработка помеѓу училиштата. Воедно на сите учесници им доделивме сертификати за учество во проектот и им посакавме многу успех како за проектот така и во понатамошното нивно школување“истакна Јовчески.

Можно е да е слика од 3 луѓе и луѓе што стојат




Сподели го ова:

Слични објави