Важна информација ако денес патувате надвор од градот
Утрово, врнежи од снег (кој што не се задржува на коловозот) има на патните правци кон Крушево, Крива Паланка, Страцин, Куманово, Павлешенци, Преод, Струга, Охрид, Ресен, како и на планиските премини Ѓавато, Буково и Железнец.
Исто така, врз основа на информациите од Авто мото сојузот на Македонија, на граничните премини од нашата македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.