ЗАСТРАШУВАЧКА БРОЈКА: Цели 70% од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта – потврди истражувањето на Аналитика

Сподели го ова:



















Дури 63% од учениците потврдуваат дека насилството е постојано присутно во училиштата. Цели 70 проценти од учениците се сведоци на насилно однесување во нивните училишта, но, истото не го пријавуваат од бројни причини, меѓу кои не знаењето кому да пријават или како да пријават, а да останат аноними пријавувачи. Најголем број од нив, дури 60 отсто го препознаваат физичкото насилство, што во голема мера е највидливо. Во висок процент е присутно и психичкото, 43 и сајбер насилството – 27 отсто, потврди истражувањето на Аналитика.





Од добиените одговори забележуваме дека 60 отсто од учениците посочуваат на ниска соработка и вклученост помеѓу родителите, наставниците и стручните служби во училиштата. Родителите се најмногу заинтересирани за успехот на нивните деца, а многу помалку за училишната клима и вонучилишните активности што имаат за цел да ја поттикнат креативноста на учениците, да развијат вештини кај нив и да создадат безбедна и здрава околина. Важно е да се воспостави отворен и коректен однос помеѓу учениците, наставниците и родителите, бидејќи тоа помага во намалување на насилството во училиштата. Потребно е стручната служба да работи на развој на врсничка едукација за подигање на свеста за постоење и превенција на насилството, на многу повисоко ниво, со што ќе придонесе во негово намалување во училиштата.

Системот треба да понуди правни механизми за справување со врсничкото насилство. Потребно е да се работи со децата кои се жртви на насилство и да добијат соодветна психолошка поддршка. Додека истовремено, неопходно е да се работи со децата „насилници“, со цел да се превенира вакво однесување во иднина. Затоа апелираме дека од огромна важност е да се организираат врснички работилници во секое училиште во земјава, каде децата ќе се стекнат со алатки и вештини за препознавање и превеција на насилството” – се вели во истражувањето на Аналитика.

Аналитика укажува на итноста од превенција и справување со врсничкото насилство, како негативна општествена појава.



Сподели го ова:

Слични објави