ПРИВЕДЕНА Е ЗЕМЈОДЕЛСКА ИНСПЕКТОРКА ОД ПРИЛЕП ПОРАДИ ПРИМАЊЕ ПОТКУП

Денеска утринава во 09.30 часот во еден прилепски угостителски објект полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-Прилеп ја лишија од слобода В.В. која била земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие. Инспекторката е лишена од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик. Имено, инспекторката била затекната при примање поткуп од вкупно 64.000 денари од едно лице од Прилеп, при што веднаш е пристапено кон нејзино лишење од слобода, додека паричните средства веднаш и биле одземени. Инспекторката е приведена во полициска станица, и по целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.