Во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп се набави нова, современа асистивна технологија
Уште една убава вест! Имено, центарот за поддршка на учењето при ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, сега е збогатен со нова, современа асистивна технологија.

“Центарот за поддршка на учењето од нашето училиште, збогатен и опремен со нова и современа асистивна технологија. Оваа донација е ” плод ” на учеството и соработката на нашето училиште во рамките на проектот “Инклузија на деца со посебни образовни потреби” под покровителство на Здружението за асистивна технологија “Отворете ги прозорците”, а финансиски поддржан од Детската фондација Песталоци.
“Да го направиме образованието пристапно и достапно за секој ученик” – тоа е нашата заедничка цел – истакнуваат од ООУ “Климент Охридски” – Прилеп”.















