Да донираме! Само така уште неколку нови фрески ќе ја красат прилепската црква св.Петка во населба Точила

Сподели го ова:






























Возљубени браќа и сестри,

На означените празни површини во нашиот храм ќе бидат зографисани сцени од житието на Света Петка Римјанка, нашата небесна заштитничка и патрон на храмот.

Кратко житие на Света Петка Римјанка:

Света Петка, позната и како Параскева, се родила во Рим во побожно христијанско семејство во 2 век. По смртта на нејзините родители, го разделила своето богатство на сиромашните и се посветила на проповедање на Евангелието. Заради нејзината вера и мисионерска дејност, била подложена на многубројни мачења од страна на римските власти, но останала непоколеблива во својата преданост кон Христос. Нејзината храброст и чудата што ги извршила придонеле многумина да се обратат во христијанството. На крајот, таа го предала својот дух на Господа, станувајќи пример на вера и пожртвуваност.

Овие фрески ќе го збогатат нашиот храм и ќе нè потсетуваат на доблестите на нашата заштитничка, охрабрувајќи нè во нашата вера.

Оние кои сакаат да дадат свој придонес за ова свето дело и да учествуваат во разубавувањето на храмот со оваа длабоко значајна сцена за подетални информации, можат да се обратат кај зографот Дејан Кратевски (075 358 359), одговорното лице Дамјан Трпкоски (078 359 363) или в.д. старешина протоереј Љупче Петрески (071 242 954) – стои во соопштението од Храмот „Св. Петка“ – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави