“Голем” пожар во Кривогаштани
Настана “голем” пожар во Кривогаштани, а пожарот бил толку многу “голем” што опожарил дури 6м3 огревни дабови дрва.
На 12.09.2023 во 08.32 часот во СВР Битола, Т.К.(43) од с.Кривогаштани, прилепско, пријавил дека во периодот од 02.00 до 07.30 часот биле опожарени шест кубни метри жигосани огревни дабови дрва, кои биле растоварени пред неговата куќа.
Пожарот сам се изгаснал, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот -информираат од МВР.