Нови кабинети во основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“- Прилеп

Сподели го ова:
























Денес по повод патрониот празник на музичкото училиште, Ордан Михајлоски Оцка – (роден во Прилеп, 1921,Орехово – a загинал во Битолско, 3 мај 1942) — македонски виолинист, партизан и учесник во НОВ, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески заедно со директорот на основното прилепско музичко училиште, ги промовираа новите кабинети во училиштето.

Нов кабинет по пијано, нов кабинет по народни инструменти, звучна изолација, нови врати и нова конструкција на влезот.Вкупната вредност на овие инвестиции во нашиот „расадник за таленти“ изнесува 800 000 денари.

Продолжуваме посветено и континуирано да вложуваме во секој сегмент на образовниот систем во нашите училишта во општина Прилеп, онака како што ветивме за прилепчани, создаваме нова и подобра иднина – истакна Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави