Прилеп се подготвува за градската слава и богатата новогодишна програма која ќе трае 7 дена
Традиционално како и секоја година, така и оваа, на големиот христијански празник „Свети Никола“, во Прилеп се очекуваат реки од народ пред параклисот на св.Никола во центарот на градот. Прилеп се подготвува за градската слава и богатата новогодишна програма која ќе трае 7 дена, а на градскиот плоштад веќе започна да се монтира дел од опремата.

За прв пат во Прилеп оваа година ќе се одржи „Прилепска празнична приказна“ со богата седумдневна програма, многу изненадувања, музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации.
















