ГОЛЕМИОТ ПОЖАР ВО ПРИЛЕПСКО – СТАВЕН ПОД КОНТРОЛА!

Сподели го ова:























Секоја чест за екипите на нашата противпожарна единица и за сите оние кои што помогнаа во гаснењето. Во текот на вчерашниот ден атарот околу селата Рувци, Старо Лагово, Штавица, Марул, Шелеверци и Канатларци беше под огромна огнена стихија. За жал со помош на силниот ветер, огнот брзо се ширеше и гореше во радиус од над 20 километри. Со навремена, храбра и пожртвувана реакција на нашите пожарникари, екипи од Јавните претпријатија и доброволци, не се дозволи огнот да направи поголема материјална штета.

Доцна синоќа имавме и состанок на Општинскиот кризен штаб каде што ги координиравме акциите кои што беа спроведени. Почитувани сограѓани гласно АПЕЛИРАМЕ ДА НЕ СЕ ПАЛИ ОГАН ВО ШУМИ, ДА НЕ СЕ ПАЛАТ СТРНИШТА ИЛИ ДРУГИ ПОВРШИНИ! Мораме да се однесуваме совесно за да не се предизвикаат несакани последици кои што некогаш причинуваат огромни штети. Од страна на ТППЕ- Прилеп моменталната ситуација на теренот е под контрола и пожарот е целосно локализиран” – истакнуваат од Општина Прилеп.



Сподели го ова:

Слични објави