Битолскиот пратеник Пеце Милевски го оствари своето право на глас
Пратеникот и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Битола, Пеце Милевски, денеска го оствари своето право на глас во неговата родна Битола.
Имено, Милевски порача:
“Денес го остваривме нашето демократско право на глас.
Очекувам мирен и достоинствен изборен ден!
Во духот на демократијата, гласајте фер и достоинствено.
Да го направиме вистинскиот избор за Битола!” – порача Милевски.
















