Пецаков: Охрид не запира повеќе! Ви благодарам од сѐ срце! Продолжуваме со уште поголема енергија, продолжуваме да работиме посветено за нашиот град!
Како што информиравме претходно, синоќа во Охрид, Кирил Пецаков повторно победи во Охрид со убедлива историска победа во првиот круг, а со тоа стана старо – новиот градоначалник на Општина Охрид. Веднаш после победата, Пецаков се заблагодари на своите сограѓани, при што порача:
“Драги Охриѓани, ви благодарам! Вашата огромна поддршка е потврда дека сме на вистинскиот пат и најсилен мотив за уште повеќе работа. Заедно го направивме вистинскиот избор, а нашата цел е јасна:
Охрид да биде уште поубаво место! Охрид не запира повеќе! Ви благодарам од сѐ срце! Од утре, со уште поголема енергија, продолжуваме да работиме посветено за нашиот град!” – порача градоначалникот Пецаков.
















