Прилепчанецот Илија Ристески како резултат на својата интелектуална способност, постојано се надоградува и учествува на гoлем број на семинари ширум Европа и светот

Сподели го ова:


Силата е во младите, а младите се насекаде! Така е и со прилепчанецот Илија Ристески, кој што како резултат на својата интелектуална способност, постојано се надоградува и учествува на гoлем број на семинари ширум Европа и светот. Имено, Ристески беше учесник на “Школата за безбедност 2022” во организација на Фондацијата “Конрад Аденауер”-со претставништво во Македонија. Вчера, успешно беше отворена овогодинешната Школа за безбедност 2022 на тема: “Хибридните закани и нивното влијание на регионалната безбедност и евро-интегративниот процес на регионот Западен Балкан”, која беше организирана од Фондацијата “Конрад Аденауер”-со претставништво во Македонија во заедничка соработка со Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола. Свое излагање во рамки на официјалното обраќање има официјалниот претставник на КАС Даниел Браун, Министерот за надворешни работи на нашата земја, Амбасадорката на Анке Холштајн, Катерина Јакимовска од @wmces и ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски-Битола. Присутните студенти меѓу кои и прилепчанецот Илија Ристески имаа можност да дискутираат заедно со Амбасадорот Звонко Муцунски во врска со актуелните регионални безбедносни предизвици. Нашиот прилепчанец Илија Ристески е и Претседателот на републичката комисија за спорт при УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а благодарение на својата интелектуална способност, Ристески постојано патува ширум светот на семинари, каде што уште повеќе го доусовршува своето богато стекнато искуство.





Сподели го ова:

Слични објави