ГО МОЛАМ НОЌВА НЕБОТО ДА МИ ТЕ ВРАТИ: Вчера вечерта во Крушево голем број на обожаватели на Тоше уживаа во неговите хитови
Вчера вечерта на 5-ти октомври на Платото пред Спомен куќата на Тоше, голем број на негови обожаватели пееја во негова чест. На концертот беа неговите пријатели, музичари, пеачи, фанови, почитувачи и сограѓани, кои преку песните на Тоше ќе потсетија на неговите безвремени хитови.
Со овој концерт, беа означени цели 16 тажни и тешки години од последниот одржан концерт во Скопје без нашиот Тоше – најпознат пејач на сите времиња!!!
Цело Крушево вчера пулсираше во музичкиот дух кој го поседуваше Тоше, момчето со ангелски глас кое замина високо над облаците – кај ангелите, бидејќи како велат: ангелот припаѓа само кај ангелите!