Искористете го денешниот убав неделен ден-од вторник пад на температурите

Сподели го ова:




Времето денеска во целата наша земја ќе биде сончево и релативно топло, проследено со мала локална облачност. Исто така на некои места ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Денешните температури ќе се движат во интервал од 8 до 12 степени, додека пак максималните дневни тепмератури ќе бидат од 19 до 25 степени. Во Прилеп ќе имаме слично време, сончево-проследено со мала умерена облачност. Се очекува максималната температура денес во Прилеп да го достегне 22 степен. Во наредните денови во претпладневните часови насекаде по котлините во нашата земја ќе има појава на значителна ниска облачност. И утре почетокот почетокот на работната недела ќе започне со стабилно и релативно топло време, а веќе од вторник ќе имаме опаѓање на температурите и појава на локална појава на слаб дожд.Врз основа на ова, информативниот тим на STANICA.MK Ви препорачува да го искористите денешниот убав неделен ден-бидејќи како што потенциравме претходно, од вторник ќе имаме пад на температурите





Сподели го ова:

Слични објави