Гоце Мицковски: “На ниво на Општина Демир Хисар има околу 100 диви депонии.Наша обврска е да ги дислоцираме и да спречиме појава на уште 100тина нови”
Врз основа на нашите информации кои ги добиваме на терен од Општина Демир Хисар, можеме да заклучиме дека претходната локална власт во оваа општина остави голем број на депонии. Како резултат на тоа, директорот на ЈКП “Комуналец” од Демир Хисар-Гоце Мицковски, презема конкретни мерки за одржување на хигиената во овој град. “На ниво на Општина Демир Хисар има околу 100 диви депонии. Наша обврска е да ги дислоцираме и да спречиме појава на уште 100тина нови. Почнуваме и ќе успееме, затоа е ЈКП Комуналец. Благодариме на разбирањето и поддршката”– истакна Директорот Гоце Мицковски. Имено, ако направиме една анализа на севкупната ситуација, и во однос на она што граѓаните од Општина Демир Хисар го изјавија за stanica.mk, тогаш можеме да констатираме дека постои големо задоволство помеѓу граѓаните од оваа општина во однос на тоа како се справува градоначалникот Најдовски со севкупното менаџирање на Демир Хисар, а исто така постојат и позитивни реакции и за Директорот на ЈК “Комуналец”-Демир Хисар-Гоце Мицковски, кој што како директор на комуналното претпријатие презема конкретни чекори за одржување на хигиената во овој град. Како се работи активно на терен во оваа општина, погледнете преку следните слики: