АПСЕЊЕ ВО ПРИЛЕП: На ул.„Орде Тутески“ полициски службеници лишиле од слобода 29 годишен прилепчанец

Сподели го ова:























На 05.12.2022 на ул.„Орде Тутески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода К.Ш.(29) од Прилеп. (Текстот за оваа објава продолжува веднаш после рекламното известување за новогодишната театарска претстава за деца, во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп).


Тој бил фатен веднаш по извршување „тешка кражба“ од возило „опел астра“, сопственост на Г.М.(46) од Прилеп, паркирано на ул.„Илија Василески“, при што одзел повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 



Сподели го ова:

Слични објави