ВНИМАВАЈТЕ – НИ ПРЕТСТОИ ЖЕЖОК ВИКЕНД: UV индексот ќе има многу висока вредност, а температурата ќе го достигне 42-от степен
Како резултат на топлиот Африкански бран, кој што веќе од среда ќе ја зафати нашата земја, ќе се соочиме со екстремно високи температури кои се очекува да го достигнат 42-тиот степен.
Овој екстремно топол бран ќе донесе и подолготрајно сушно време и УВ индекс со коефициент некаде помеѓу 9 и 10.
Врз основа на ова, препорачуваме граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, и континуирано да пијат повеќе течности.