НЕСЕКОЈДНЕВНА СЛУЧКА НА “МАРКСОВА”: Паркирано возило почна само да се движи по самата улица


Имено, за да еден информативен портал се посвети кон 24 часовно информирање на градот под Марковите Кули, потребен е голем, креативен информативен тим, кој што ќе работи на креирање на нови информативни прилози директно од терен, односно директно од местото на настанот. Па така беше и денес, при што додека нашите колеги денеска во центарот на Прилеп работеа на подготвување на еден друг информативен прилог, случајно ја регистрираа оваа несекојдневна случка.

Прилеп, и се е можно, барем така денеска велеа прилепските граѓани кои се затекнаа за време на оваа случка. Имено, во текот на денешниот ден околу 10:30 часот на улицата Марксова во Прилеп, мини комбе-возило кое беше паркирано од десната страна на улицата, почна само да се движи кон средината на улицата, при што еден краток временски период го попречи сообраќајот на “Марксова”.
Штом почна возилото да се движи кон средината на улица, веднаш кон истото притрчаа неколку граѓани, мислеќи дека возачот во возилото доживеал мозочен удар, меѓутоа кога со помош на физички напор возилото беше стопирано за да не се создаде некоја поголема штета, очигледен беше фактот дека во возилото нема никаво лице.
Како што истакнаа присутните граѓани, возачот на возилото пред да излезе од истото, заборавил да ја активира рачна кочница, па како резултат на тоа, возилото започна да се движи кон средината на “Марксова”. Затоа, наша препорака е да внимавате каде паркирате, а и кога паркирате применувајте ги воспоставените правила за паркирање на возилото.
















