Нашите кошаркарски херои кои донесоа злато за нашата земја, на свечен прием кај премиерот Мицкоски
Денеска, гости во Владата беа нашите кошаркарски херои кои донесоа злато за нашата земја. Наша обрска е нивниот успех да го следиме и создадеме услови за уште поголеми победи. Победи кои ќе значат промоција на Македонија и создавање на нови идоли во кошарката! Младите кошаркари во Влада беа свечено примени од страна на премиерот Христијан Мицкоски и Министерот за спорт Борко Ристовски.
Честитки момци! Македонија се гордее со вас. Денес ја имав честа да ги примам нашите млади херои кои донесоа злато. 8:0 на Европскиот шампионат во кошарка за возраст до 18 години, Б дивизија и златен медал – истакна премиерот Мицкоски.
Македонија е горда на нивниот успех. Дело кое треба да се следи.