Утринава во 9 часот со два воено-транспортни авиони од Бугарија пристигнуваат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“-Скопје

Сподели го ова:
















Утринава во 9 часот со два воено-транспортни авиони од Бугарија пристигнуваат посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“-Скопје. “Веќе се идентификувани сите 45 жртви на автобусот што се запали на автопатот Струма, а нивната идентификација е направена со ДНК профили”, нагласи вчера за БТА-Борислав Сарафов, заменикот главен обвинител и Директор на Националната истражна служба. Поворката по пристигнувањето, ќе се движи по однапред утврдена патека до, и низ главниот град, а граѓаните во периодот од 10 до 13 часот денеска ќе може да оддадат последна почит на загинатите на скопскиот плоштад „Скендербег“, а воедно и да ја проследат поворката која ќе помине веднаш до плоштадот помеѓу 11 и 12 часот.







Сподели го ова:

Слични објави