Ехосонографски преглед на абдомен – нова здравствена метода во битолската СЈУ “Рајдер“

Сподели го ова:





























ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА КРСТИЌ НА ПУШТАЊЕТО ВО УПОТРЕБА НА НОВА ЗДРАВСТВЕНА УСЛУГА ВО ХОСПИСОТ „СЈУ РАЈДЕР“ БИТОЛА

Заменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ вчера со заменик министерот за здравство Јовица Андоновски присуствуваше на пуштањето во употреба на новата метода во Хоспис „Сју Рајдер” – Битола. За надворешни пациенти е достапен ехосонографски преглед на абдомен (ехо на абдомен) — по систем на претходно закажување на Мој термин.

„Со големо задоволство ја поздравувам новата здравствена услуга во Хоспис „Сју Рајдер“ Битола, со која ехосонографскиот преглед на абдомен станува подостапен за битолчани и за граѓаните од целиот регион. Ова е уште еден значаен чекор кон унапредување на здравствената заштита и обезбедување современи медицински услуги блиску до граѓаните, без потреба од дополнителни патувања и чекања.

Општина Битола, останува посветена на поддршката на иницијативи кои значат подобра здравствена грижа, поголема достапност и поквалитетни услови за сите наши сограѓани. Битола заслужува современи и достапни здравствени услуги и токму затоа секој ваков напредок е значаен за целиот град“ вели Крстиќ.

Хосписот „Сју Рајдер” – Битола продолжува да го проширува спектарот на специјалистички услуги за граѓаните на Битола и регионот, обезбедувајќи современа здравствена заштита — на едно место.




Сподели го ова:

Слични објави