Денеска, максималната температура се очекува да достигне 33 степени! Рано утрово измерени 12 степени во Битола, 14 во Прилеп и 15 степени во Крушево
Утрово, минималната температура изнесуваше 12 степени во Битола, 14 во Прилеп и 15 степени во Крушево. Врз основа на информациите од УХМР, денеска претпладне ќе имаме сончево време проследено со мала до умерена облачност, а попладне ќе биде променливо облачно, при што на повеќе места ќе имаме нестабилно време со пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе се движи во интервал од 24 до 33 степени.


















