ВИСТИНСКИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ 24/7: ТППЕ – Прилеп со важно предупредување до граѓаните

Сподели го ова:


























Посветеност, одговорност, пожртвуваност, професионалност и храброст! Ова се зборовите кои ги отсликуваат прилепсите пожарникари кои работат во ТППЕ-Прилеп, која како резултат на најавените високи температури излезе со важно предупредување до прилепските граѓани, во кое се вели:

“Почитувани Граѓани на општина Прилеп и соседните општини Кривогаштани и Долнени.

Со најава на портокалова фаза – зголемени високи температури се зголемува и опасноста од пожари на отворен простор.

Апелираме до сите граѓани да се однесуваат одговорно и при своето движење во природа да внимаваат да не предизвикат пожар.

Доколку забележите пожар веднаш пријавете на броевите 193 и 112 и на службите да и дадете точни информации за локацијата на пожарот и неговата големина за полесно итервенирање на ТППЕ.

Загубите од пожарите на отворен простор се многу големи и многу тешко надоместливи, да ја сочуваме природата да го сочуваме нашето шумско богатство – нашите бели дробови” – истакнаа од ТППЕ Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави