ЕДИНСТВЕН СВЕДОК: Камерите од прилепската болница ќе треба да дадат одговор за тоа кој е виновен за смртта на прилепчанецот со ампутирана нога



Ужасната глетка за починатиот Горан Димески од Прилеп кој што вчера беше пронајден мртов како лежи на клупа пред прилепската болница со ампутирана нога, видно ги вознемири прилепските граѓани. Станува збор за Горан Димески, кој што – како што изјавува неговиот брат Зоран на социјалните мрежи, смртта кај Горан настанала поради тоа што починатото лице било исфрлено од оваа прилепска здравствена установа, после подолго лекување.
“Човекот односно братот мој ја изгуби битката со Белите корумпирани мантили !!! ПОЧИНА ВО ДВОРОТ НА БОЛНИЦАТА!!!” – беа зборовите на Зоран Димески, со кои самиот тој ја соопшти трагичната вест за својот брат, на својот Facebook профил.
Телото е предадено на обдукција, од каде што треба да се утврди како, и зошто настанала смртта кај пронајденото починато лице. Меѓутоа, дел од прилепските граѓани -револтирани од ваквата случка, бараат надлежните институции да ги проверат внатрешните и надворешните камери од прилепската болница, кои ќе треба да дадат дополнителен, конкретен одговор за тоа кој е виновен за смртта на 51 годишниот прилепчанец со ампутирана нога.

















